Премиерот на Западна Австралија, Marc McGowan објави дека „границите функционираат” откога овој слоган му донесе надмоќната победа во историјата на државата, велејќи оти нема да се двоуми повторно да ја затвори границата, доколку тоа биде потребно.
Рекордни врнежи од дожд и обилни поплави ги принудија властите да ги повикаат на евакуација на жителите долж источниот брег на Австралија каде што се прелеа главната брана во близина на Сиднеј, првпат после 30 години.
Австралискиот државен обвинител Кристијан Портер, минатава седмица потврди дека тој е неименуваниот министер во кабинетот, чија оставка ја бара дел од јавноста по обвинувањата дека силувал тинејџерка (16) пред повеќе од 30 години.
Најголемата австралиска авиокомпанија „Квантас” најави враќање на „мистериозните летови” во обид да го заживее домашниот туризам.
Министерката за енергија и животна околина Lily D’Ambrosio најави забрана за користење еднократна пластика, како што се сламките, садови од полистирен.
Европската комисија и Италија блокираа испорака на вакцини на Астра Зенека за Австралија бидејќи произведувачот не ги исполнил обврските преземени со договорот склучен со Европската Унија.
Намерата на Бризбен да ги организира Летните олимписки игри (ЛОИ) во 2032 година доби поддршка од австралискиот прајминистер Скот Морисон, кој го извести Меѓународниот олимписки комитет (МОК) дека властите цврсто стојат зад кандидатурата.
Викторија е во постапка на враќање на листата во која за патниците нема да има задолжителен карантин согласно со попуштања на рестрикциите во Западна Австралија.
Премиерот на Викторија Ендрус од минатиот вторник се наоѓа во болница по пад на скали кога утрото тргнал на работа од неговата викендичка на полуостровот Морнингтон, при што скршил некои ребра и го повредил пршленот Т7.
Владата го претстави пакетот за поддршка на туризмот во изност од $928 милиони со цел да се зголеми бројот на патувања до локалните дестинации, додека меѓународните рути остануваат и понатаму затворени поради пандемијата со коронавирусот.
Австралискиот закон со кој се предвидува „Гугл” и „Фејсбук” да плаќаат за пренесување на вестите е подготвен да стапи на сила, но според експертот Род Симс ќе биде потребно време за технолошките гиганти да склучат зделки со медиумите, пренесува „Асошијетед прес”.
Минатата седмица почна вакцинацијата против коронавирусот, и некои служби ќе добијат вакцина пред останатите.
Жители на неколку предградија ширум Австралија се молат да се јават на тестирање на КОВИД ако забележат било какви симптоми откога при тестирање на отпадни води откриени се траги на коронавирусот.
Австралиското Министерство за здравство ја информира јавноста дека веќе нема да објавува реклами на Фејсбук, како свој одговор на мерките што оваа социјална мрежа ги презеде во земјата, блокирајќи ги вестите поради протест што владата предлага ново законско решение.
Три регионални заедници во Квинсленд се молат да бидат внимателни откога во отпадните води се најдени трагови на коронавирусот. Министерството за здравство на Квинсленд објави дека при тестирањето на отпадните води откриени се фрагменти на вирусот во областите на градовите Townsville, Rockhampton и Nambour во Gold Coast.
Љубителите на Австралија Опен годинава ќе бидат сведоци на редизајниран Melbourne Park кога турнирот конечно ќе почне овој месец. За да турнирот биде безбеден од КОВИД, организаторите го поделија просторот во три зони: посетителите ќе можат да бираат меѓу централниот терен, најдобрите опции за храна и пијалок или најевтините влезници.
Google во наредните недели ќе го оживее својот сопствен проект за портал за вести во Австралија и веќе нарачал реклами, велат уредници на неколку помали медиуми, истакнувајќи ги обидите на дигиталниот гигант да го поткопа најавениот закон.
Прајминистерот Скот Морисон се најде на мета на критики затоа што речиси 40.000 австралијски жители се заглавени во прекуокеанските земји откога Националниот кабинет одлучи да не го зголеми дозволениот број на меѓународни патници.