Се сметаше дека популарниот природен парк кој беше уништен во пожарите во Викторија за време на т.н. „црната сабота” никогаш нема да се опорави, но тој се отвора цело десетлетие по споменатата катастрофа.
Либералната партија по шокантното заминување на Кели О’Двејер, министерката за односи во индустријата од федералната политика, сака на оваа позиција повторно да седне жена.
Израелската студентка која минатата недела беше убиена во Австралија погребана е во својот роден град.
Бранот на екстремни температури повеќе од една недела создаде проблеми за Северната Територија. Повеќето дневни температури достигнуваат речиси 50 степени Целзиусови.
Прајминистерот Скот Морисон ги отфрли тврдењата на лидерот на опозицијата Бил Шортен дека владата го политизира Денот на Австралија планирајќи да ги присили општините церемониите на доделувања државјанства да ги одржуваат на 26 јануари.
Два модели на надворешни климатски уреди од компанијата Braemar се повлечени поради опасност од предизвикување пожар.
Арапска студентка од Израел на возраст од 21-година која била на размена во Австралија, убиена е во Бандура, северно предградие на Мелбурн.
Судењето на Македонецот Борче Ристевски (54) кој е обвинет за убиство на неговата сопруга во Австралија, ќе почне во март, објавува австралискиот весник „Ејџ”.
Спасувачи на змии во Квинсленд спасиле питон кој бил прекриен со стотици крлежи. Питонот кој бил многу болен бил фатен во базен во двор во Голд Кост.
Нова анкета го мереше ставот на Австралиjците кога станува збор за партиите во федералната политика и нивните лидери и носи добри вести за лабуристите и нивниот лидер Бил Шортен.
Наградата за информации за убиството на Скот Џонсон во Сиднеј во 1988 година е зголемена на милион долари.
Три милијарди „заклучени” федерални пари кои биле наменети за сега веќе напуштениот проект со кој би се реновирале и граделе улиците во Викторија треба да се „ослободат” за користење за други проекти, рече премиерот на државата Даниел Ендрус.
Минатава сабота на изборите во Викторија, лабуристичката влада на Даниел Ендрус беше повторно избрана со уште поголема предност над либералите.
Професорката по англиски јазик, Соња Макеј, заплакала пред судот и се извинувала што сексуално го искористувала 17-годишниот ученик.
Јапонскиот премиер Шинѕо Абе положи венец на воен споменик во австралискиот град Дарвин и стана првиот јапонски лидер што го посетува градот кој бил бомбардиран од Јапонија во Втората светска војна.
Федералната влада ги повикува лидерите на исламските заедници да укажат на екстремизам во нивните заедници по терорстичкиот напад кој се случи во Мелбурн кога Hasan Khalif Shire Ali уби еден а, повреди двајца и се обиде да предизвика експлозија со автомобил полн со плин.
Осамениот терорист кој уби човек на улицата Bourke во Мелбурн им бил познат на властите поради неговите радикални ставови, а поради загриженост дека би можел да замине за Сирија одземен му е пасошот во 2015 година, вели федералната полиција.
Новозеландскиот град Крајстчрч, којшто пред неколку години беше погоден од повеќе силни земјотреси, доби библиотека што во целост е отпорна на оваа природна непогода.