Две струи преовладуваат во Европската Унија последните неколку месеци – едната засилено работи на одвојување на Македонија и Албанија во пристапниот процес, а другата смета дека двете земји заеднички треба да го продолжат заедничкиот пат.
Власта заедно со Алтернатива и Алијанса за Албанците постигнал конечен договор за измените во Законот за државјанство. Закoнското решение ќе влезе во собраниска процедура оваа недела.
Македонија беше една од првите земји што воведе биометриски лични документи (лични карти, пасоши, возачки дозволи) и одбра технологија која уште од стартот се покажа дека е несоодветна.
Во понеделникот (вчера) се очекуваа во Македонија да стасаат 10.000 вакцини на „Фајзер” . Тие стигаат со авион до Софија и потоа со специјален транспорт (ладен ланец) во попладневните часови се доставуваат во Скопје.
Спорниот Закон за попис сепак останува истиот. По пет месеци пак ќе ги имаме истите проблеми.
На 2 април Македонија забележа нов црн рекорд во смртноста од коронавирусот – починаа 50 лица.
Од понеделникот (5 април) во спортската сала „Борис Трајковски” во Скопје започна масовната вакцинација во Македонија.
Минатиот викенд на граничниот премин Табановце чекањето за излез од Македонија било околу 40 минути.
Премиерот Зоран Заев ја прифати понудата од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Беше закажана за 29 март (вчера, откако е затворен овој број на АМН) во Клубот на пратениците во Скопје.
Дали „македонска” националност е изгубена во преводот на Договорот од Преспа?!
Британски “Економист” наведува дека колку и да се мрачни бројките на умрените од коронавирусот кои светските влади секојдневно ги објавуваат, бројот на умрените од ковид-19 може да е уште поголем.
Општина Арачиново е единствената општина во Македонија каде што воопшто не се плаќа данок на имот, покажа истражувањето на невладината организацијата Центар за граѓански комуникации (ЦГК) за тоа колкава била наплатата на данок на имот за 2017, 2018 и 2019 година.
Не е бадијала тоа што во традицијата ја имаме онаа клетва со “кубурот за недајбоже”. Ние не знаеме да оцениме кога е крајното време за да реагираме.
1. КОГА ЌЕ СЕ РЕАЛИЗИРА ПОПИСОТ?
Пописот на државјаните на МКД со престој во странство ќе се спроведе во периодот од 1 март – 21 април 2021 година со самопопишување преку веб-страницата на Државниот завод за статистика.
Рестриктивните мерки се потребни, меѓутоа се невозможни заради тоа што економијата и народот не може да издржи, вели микробиологот проф. д-р Никола Пановски.
Анкета: 2/3 од македонците сметаат дека државата е измамена за НАТО и ЕУ-интеграциите и сакаат враќање на името
– Во петокот на 19 февруари во Кривичниот суд во Скопје се одржа рочиште за предметот „Таргет-тврдина” на кое беа презентирани завршните зборови на одбраната.
Обвинетите бегалци Алил Демири и Африм Исмаиловиќ виновни се за тероризам и се осудуваат на доживотен затвор, Агим Исмаиловиќ виновен е за тероризам и се осудува на доживотен затвор, Хаки Азири, е виновен и се осудува за две кривични дела помагање на сторител по извршено кривично дело и се осудува на единствена казна во траење од 9 години и Фејзи Азири виновен е за помагање на сторител по извршено кривично дело и се осудува на единствена казна затвор во 15 години, (согласно КЗ законот не дозволува единствената казна затвор да биде повисока од 15 години).