Убава вест пристигна од болницата Сент Џорџ во Сиднеј. Ни се јави др. Зоран Бечваровски и потврди дека е добиен апаратот за рано откривање на ракот наречен ПЕТ Скенер.
Продолжи турнејата низ Австралија со ѕвездите од Македонија: Сузана Гавазова, Христијан Божиновски –Кико, мајсторот Демо Шавлев и групата “Болеро” од Струмица.
Двете атрактивни битолчанки, пејачките Џесика Палашоска и Татијана Стефановска, заедно со колегата Спасен Силјаноски и групата „Амадеус” минатава недела ја започнаа својата турнеја низ Австралија.
Минатиот понеделник, Жири комисијата во состав Силвана Трајковска (претседател), Мери Петковска и Бојана Ристевска-Јанкуловска ја донесе својата одлука за прогласување на најдобрите дела од традиционалниот награден конкурс за Прличева награда за 2016 година во организација на Македонското литературно друштво „Григор Прличев”.
Австралија го прослави националниот празник на 26 јануари. По тој повод, во Австралија се организираа низа манифестации, меѓу кои најпознати се парадите во големите градови.
26 јануари е државен празник во сите републики и градови во Австралија. На овој ден се одбележува годишнината од пристигнувањето на Првата флота на британските бродови во Порт Џексон, Нов Јужен Велс во 1788 година, и подигнување на знамето на Велика Британија на австралиско тло од страна на гувернерот Артур Филип.
Минатава недела, по повод Денот на Австралија, се одржа традиционалниот годишен македонски пикник во “Паркот на Македонија” во Кинглејк.
Фолк-пејачката Сузана Гавазова, по четири години пауза, повторно се подготвува за турнеја во Австралија. Ова е нејзино осмо патување во Австралија, каде што, како што вели, секогаш си поминува убаво бидејќи има многу публика.
Минатава недела во МПЦ “Св. Петка” во Мил Парк, се одржа богослужба која ја водеше владиката Петар. По службата се одржа промоција на 18 книги кои ќе служат на целата Македонска православна црква.
Минатиот четврток, на 26 јануари, во чест на Денот на Австралија, македонската асоцијација од село Ѓавато организираше излет во местото Крнел.
Во Западна Австралија официјално се претстави изборната кампања на Лабуристичката партија за Перт каде присуствуваше и почесниот конзул на Република Македонија Зоран Ќосески.
Минатиот четврток, пo пoвoд прaзникoт Бoгoјaвление – Вoдици, вo хрaмoт “Св. Петкa” вo Рoкдејл, Сиднеј, беше oтслуженa светa aрхиерејскa литургија нa кoјa чинoнaчaлствувaше Негoвoтo Висoкoпреoсвештенствo Митрoпoлитoт дебaрскo-кичевски г. Тимoтеј, вo сoслужение нa игуменот Гaврил, прoтoерејoт Никoлa Христoски и прoтoѓaкoнoт Никoлче Ѓурѓинoски.
Македонските православни христијани минатата седмица го празнуваа големиот празник Водици или Богојавление. На овој ден, традиционално свештениците го фрлаат ритуалниот крст во некоја поголема вода – река, море или базен, а луѓето скокаат во водата и се обидуваат да го фатат крстот.
Еден од моментално најбараните фолк изведувачи во Македонија, Ѓоко Јовиќ заедно со “Енерџи бенд” ја дочекаа православната Нова година во целосно распродадената сала на “Гранд Нерет рецепција”.
Македонското младинско друштво „Никола Карев” ги известува сите љубители на македонскиот фолклор дека врши упис на нови играорци за 2017 година.
На 11.01.2017 година, во просториите на „Шелдон ресепшн” во Мелбурн, Австралија, се одржа редовно Генерално собрание на Австралиско-сиднејската епархија, под раководство на претседателот на истото, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, а на кое беа разгледани повеќе прашања од животот на Епархијата. Во продолжение ви го пренесуваме во целост соопштението од Генералното собрание.
Битолското друштво од Мелбурн минатиов петок, на 13 јануари одржа прослава на Старата нова година во Ferraro Reception.
„Се трудиме и придонесуваме да завладее мир и љубов меѓу Македонците”