developer | 11.02.2021

ВОДИЦИ – БОГОЈАВЛЕНИЕ

Водици (Богојавление) народот го празнува како еден од најголемите христијански празници, зашто на тој ден Исус Христос е крстен од Свети Јован Крстител во реката Јордан.

developer | 01.02.2021

Православните ја прославија стара Нова година и Василица: Пита и лепче со паричка на трпезата

На 14 јануари македонските православни верници го прославија споменот на свети Василиј Велики, а воедно и го одбележаа почетокот на Нова година по (стариот) Јулијанскиот календар (инаку новата година за Православната црква започнува на 1 септември).

developer | 01.02.2021

Заштитете се од херпес зостер (Shingles)

Херпес зостерот (Shingles), може да предизвикува многу болка и да доведе до тешки и долгорочни компликации. Херпес зостер е влажен осип што предизвикува многу болка и чешање, предизвикан од повторно активирање на вирусот варичела зостер – истиот вирус што предизвикува овча сипаница.

developer | 01.02.2021

Македонците добија клупа со посвета во трговскиот центар Мирабука

Група Македонци во Перт беа изненадени со убав гест – во нивна чест беше поставена клупа со плоча на македонски и англиски јазик за да одбележи дека се составен дел на трговскиот центар во Мирабука, кој е нивно собиралиште уште од 1978 година.

developer | 29.12.2020

ОМД повикува на акција, а не само зборови за човековите права

Обединетата македонска дијаспора ги повикаа глобалните влади да го признаат правото на самоопределување на сите Македонци. Коментарите доаѓаат откако владата на Бугарија ги блокираше пристапните преговори за членство на Македонија во Европската унија.

developer | 29.12.2020

Безбедно прославување во сезоната на празници за време на КОВИД-19

Со приближувањето на сезоната на празници, важно е да прославувате безбедно, за да го намалите ширењето на КОВИД-19 и ја зачувате безбедноста на вашите пријатели, семејство и заедницата.

developer | 29.12.2020

Нова книга: Романот „Kурбан“ од Велика Џангаловска Гатсис

Деновиве во издание на МЛД „Григор Прличев” од Сиднеј излезе од печат романот првенец под наслов „Курбан” од авторката Велика Џангаловска Гатсис која живее во Квинбијан, Нов Јужен Велс. Рецензент на романот е Александар Донски, а изработката на предната корица е на Бубе Донска.

developer | 29.12.2020

Сакањето на македонскиот јазик е наш долг и право

„Ние сме должни да го милуваме нашиот јазик, зашто тој е наш, исто така како што е наша татковината”
Крсте Петков Мисирков 

developer | 14.12.2020

Мобилната екипа за патни исправи е во Канбера

Министерството за надворешни работи на Македонија се обидува да го реализира акциониот план за 2020 година, кој беше пасивизиран поради појавата на светската пандемија.

developer | 14.12.2020

Секуловска од ОМД бара Македонија да не ја витка кичмата пред Бугарија

Вера Секуловска, членка на глобалниот совет на директори на Обединетата Македонска Дијаспора и една од директорите на ОМД за Австралија објави свој твит од пред две години кој покажува дека ништо не е променето во Македонија.

developer | 14.12.2020

Книгата во нашите корени

Иако со новата технологија се прават обиди да се заменат книгите со електронски (невидливи) книги повеќето луѓе посебно они кои така речено „се родени” со книги во своите раце, не се предаваат на стихијата на електрониката. Но важно е да се чита и да се учи а ова се поддржува и од владата на Нов Јужен Велс и ноември го прогласи месец на книгата.

developer | 14.12.2020

Мултикултурен фестивал за пензионерите во Перт

Во Перт, Македонската пензионерска играорна група “Есен” беше поканета да учествува во првиот Мултикултурен пензионерски фестивал одржан во Umbrella Community Care.

developer | 25.11.2020

Координативно Тело на Македонците во светот: Прекинување и поништување на преговорите со Бугарија

Како реакција кон недоличните барања на бугарската дипломатија за ревидирање на македонската историја, јазик и постоење како посебен народ, Македонците во светот повикуваат на прекинување на сите преговори со Бугарија поврзани со идентитетски прашања.

developer | 25.11.2020

Поголема храброст е да се побара помош

НОЕМВРИ – МЕСЕЦ НА МАШКОТО МЕНТАЛНО ЗДРАВЈЕ И СВЕСНОСТ ЗА РАКОТ НА ПРОСТАТА 

developer | 12.11.2020

Душан Ристевски од Сиднеј – добитник на признанието „Златен клас“

Душан Ристевски е поет, драматург, автор на седум стихозбирки, 14 монодрами, основоположник на Македонското литературно друштво „Григор Прличев” (1978), на списанието „Повод” (1978), на Австралиско-македонскиот театар (2007) од Сиднеј.

developer | 12.11.2020

Сега Злате Цветановски ја тужи полицијата

Помина девет години во затвор за трговија со дрога и финансиска измама.

developer | 09.11.2020

Македонија треба да се фокусира за спроведување на попис

20-ти октомври е Светскиот ден на статистиката. Обединетите нации оваа година во чест на важната улога на статиката ја нарекоа „Поврзување на светот со податоци на кои можеме да им веруваме”. Затоа Обединетата македонска дијаспора (ОМД) го слави Светскиот ден на статистиката, таа исто така ја истакнува важноста од спроведувањето на попис во Македонија.

developer | 09.11.2020

Ништо ново од Даниел Ендрус: Викторија и понатаму во пауза

Викторија е единствената држава во Австралија каде заразата со коронавирус се прошири, и тоа поради неспособноста да се одржува карантинот на патниците од странство и низа грешки и пропусти на Владата на Ендрус.