Опозиционата коалиција изјави дека сите азиланти што направиле тешки казнени дела, треба да бидат депортирани без можност на право на жалба.
За странците што напрaвиле прекршок во Австралија, визата ќе им биде откажана доколку се осудени на повеќе од една година затворска казна, според опозицијата овие криминалци ја злоставуваат можноста на жалбениот процес. Државниот правобранител во сенка, Џорџ Брандис изјави дека долготрајниот жалбен процес треба да се смени и да биде поништен освен во некои крајно исклучителни случаи.
–Многу е јасна врската меѓу сигурноста на нашите граници и сигурноста на нашите патишта рече Брандис. Либералната партија смета дека овие измени треба да важат за сите странци, вклучувајќи ги и азилантите кои се пуштени во општеството додека чекаат решавање на нивните барања. Заменикот на лидерот на опозицијата Џули Бишоп изјави дека партијата нема да го прекрши меѓународното право но има намера да ги врати осудените азиланти за кривични дела во Австралија, назад во земјата од која дошле.
Австралија заслужува да биде заштитена од луѓето што доаѓаат овде а прават кривични дела со казна од над 12 месеци. Ваквите изјави доаѓаат после утврдувањето дека египетскиот азилант, Сајед Абел Латиф, живее во притворниот центар во Австралија, и покрај потерницата од Интерпол за осуда за убиство и терористички активности. Сопругата на Абдел Латиф и неговите деца се истот така во имиграциски притвор.