Македонското австралиско добротворно друштво од Сиднеј, (Macedonian Australian Welfare Association of Sydney – MAWA) во рамките на проектот “Помош и подршка на македонските грижители”, покрај други програмски активности, редовно одржува информативни сесии/работилници на разни теми во врска со здравјето и целокупната благосостојба на македонските грижители и лицата за кои тие се грижат. Некои од тие теми, кои се посебно значајни за здравјето за секој од нас, ќе бидат објавувани во нашите ценети и реномирани македонски весници.
На тој начин сметаме дека ќе излеземе во пресрет на потребите на македонските грижители, кои не се во состојба од било кои причини да присуствуваат на сесиите, вклучувајќи ги и прикриените грижители и сите заинтересирани лица од пошироката македонска заедница.
Познато е дека многу луѓе страдаат од депресија и дека депресијата е многу честа. Секоја година во Австрталија околу еден милион возрасни и 100.000 млади лица живеаат со депресија. Во просек секој петти почувствувал или ќе почувствува депресија во текот на животот.
Многу луѓе знаат депресијата да ја помешаат со обична краткотрајна тага или нерасположение. Но, често депресијата е многу повеќе од лошо расположение и може да биде многу сериозна болест. На лицата со депресија им е тешко да функционираат секој ден бидејќи депресијата делува сериозно на физичкото и духовното здравје. Кај грижителите тоа е многу покомплицирано и поради комплексноста на нивната улога.
Што е депресија?
Депресијата е всушност состојба на умот која најчесто е пропратена со долгорочно чувство на потиштеност, тага, безнадежност, песимизам, обесхрабрeност и една општа состојба на длабока празнина.
Ако не се лекува, во повеќе случаи депресијата може да трае со недели, месеци и подолго време. Исто така, ако не се лекува соодветно, веројатноста повторно да се врати е многу голема.
Како се познава дали некој е депримиран или е во прашање обична натаженост?
Најчести промени поврзани со однесувањето:
Болниот се преоптоварува со следните мисли:
Често се јавуваат промени поврзани со чувства и емоци:
Се јавува чувство на неиздржлив притисок
Во многу случаи депресијата е пропратена и со разни физички симптоми, како што се:
Важно е да се знае дека секој човек е различен и може да има различни видови на симптоми, како што постојат и различни видови на депресија.
Постојат повеќе причини кои придонесуваат некој да биде повеќе изложен на ризик за појава на депресија.
Меѓу најчестите настани или ситуации поврзани со депресијата се следните:
Дали депресија се лекува?
Иако депресијата често не се препознава, важно е да се знае дека се лекува. За различни видови депресија потребни се различни начини на лекување. Тоа може да вклучува работи како што се физичко вежбање за спречување и лекување депресија во блага форма, до психолошко лекување и лекување со лекарства за посериозни видови на депресија. Важно е да се знае дека кога депресијата не се лекува ефикасно, здравјето и физички се влошува.
Најважна работа е да се најде терапија која ќе делува. Многу работи кои луѓето ги пробуваат не ја лекуваат причината на болеста. На пример, таблетите за спиење или едноставно советување од најблиските не се ефикасни, иако тие може повремено да се делотворни. Постојат разни методи на лекување кои се покажале како делотворни. Секое лице треба да најде кој метод на лекување нему му одговара, секако во консултација со докторот или соодветно стручно лице.
Што може да се направи за да се помогне?
Луѓето со депресија не може да се чувствуваат подобро ако не се лекуваат и чекаат депресијата да помине сама од себе. Нив може да им треба помош со подршка од семејството, пријателите и / или специјализирани здравствени лица, како на пример, доктор или психолог. Еве неколку едноставни совети за полесно справување со депресијата:
За подготовка на артикалот користени се информации од интернет страниците:
www.beyondblue.org.au, www.ybblue.com.au, www.mmha.org.au
Зорица Николова и Лихнида Тасеска,
Macedonian Carers Support Project Officers
13 Aug 2024