Австралиско Македонското медицинско друштво со донација за болницата Сент Џорџ

Давид Колмен, Веле Трпевски, Лук Симпкинс, др Зоран Бечваровски и др. Никола Митрев

Австралиски Македонското медицинско друштво и Македонските православни сервиси од НЈВ минатава сабота во Dolton House, Sylvania Waters организираа хуманитарна вечер, и сите собрани средства ги наменија за оддеот за радиотерапија во болницата Сент Џорџ и Фондацијата за истражување.

Оваа свеченост беше наречена Бал на Македонските доктори за истражување на ракот на градите”. Како специјални гости на оваа средба беа големиот пријател на Македонците, федералниот пратеник од Западна Австралија, господинот Лук Симпкинс и Давид Колмен, федерален пратеник од НЈВ, а имаше и видео обраќање до присутните од сопругата на претседателот на Македонија, госпоѓа Маја Иванова. Собирот беше голем успех а дознаваме од доктор Зоран Бечваровски дека вечерта се собрани доволно средства за купување на машина за радио терапија која е втора во Австралија со такви можности. Машината за радиотерапија ќе има посвета дека е донирана од Австралиско Македонското медицинско друштво и така македонската заедница ќе може да помага на околу 300 пацинети годишно при што тие ќе имаат за 85 проценти помалку несакани ефекти. Меѓу присутните на оваа хумана вечер беше и Веле Трпевски, амбасадорот на Македонија со седиште во Канбера.

Посветата што ќе биде ставена на новата машина донирана за радиотерапија од хуманитарната вечер

Останати вести