Градоначалникот на општина Дебарца го прими познатиот бизнисмен од Перт, Западна Австралија, Драган Капинков кој исто така е сопственик на Фондацијата “Капинков”.
Г-дин Капинков за сите првачиња запишани во ОУ Дебaрца им подари комплет училишен прибор и ташни и воедно им посака успеси во образовниот процес.
Имено оваа донација и посета на општина Дебарца од страна на г-дин Капинков организирана е од страна на почесниот конзул на Република Македонија г-дин Зоран Ќосески.
Градоначалникот Трајкоски им се заблагодари на г-дин Капинков и г-дин Ќосески во име на сите првачиња и ги охрабри ваквите донации да станат традиција и во наредните години.
13 Oct 2024