1.
В петок во Австралија ќе пристигнат пратеникот Мики Додевски и поранешниот министер за надворешни работи Антонио Милошоски. Им посакуваме плодна работа и средби со заедницата.
2.
Минатава недела во Мелбурн се одржа 22 матурска вечер на учениците што изучуваат македонски јазик. Бројот на матуранти е за половина намален од претходната година. Причините се многу но најголем проблем е што ја загубивме катедрата по македонски јазик за која требаше да се издвојуваат само $70,000 годишно. Кога ќе се помисли дека за судскиот спор во МПЦ “Св. Петка” од Рокдаел се потрошени над 6 милиони долари, со жал се констатира дека парите можеле за наредните 100 години да го решат проблемот.
Дознаваме од Учителското друштво дека веднаш ќе се започне со стратегија и концентрација на силите за отворање училишта во новите населби на Сиднеј, каде што навистина има и потреба за тоа.
3.
Се повеќе се чувствува товарот од 8 години власт на политичката гарнитура на ВМРО–ДПМНЕ.
Има или нема криминал во мегапроектот ‘Скопје 2014’ и дали премиерот знаел за тоа?
Дали повеќето милиони евра злоупотребени пари ќе останат неказнети, го праша градоначалникот на општина Центар Андреј Жерновски, во отвореното писмо.
Неколку години проектот ‘Скопје 2014’ се прикажуваше како патриотска приказна, но се повеќе има неправилности и најаснотии – небулози.
Во јавноста треба лично да се отчета и скулпторката Валентина Стевановска. Таа изјави дека зела само 360,000 евра хонорари, а за ‘Воинот’ и ‘Воинот на коњ’ на име на авторски договор и се исплатени повеќе од два милиона евра, прашањето сега е кој во нејзино име ги земал тие пари?
Компанија што ги лиела спомениците во Италија имала сосема друга дејност, како правење гоблени и слично, нудела најскапи понуди кои се прифаќани и без прашање исплаќани.
Должноста на вистинскиот патриот е да ја заштити татковината од корумпираната влада, изјавил американскиот револуционер и автор Томас Паин уште пред 300 години.