1.
Во петокот, на 18 октомври, во Канбера амбасадорот на Македонија Веле Трпевски ги предаде акредитивите на властите на Австралија, со што официјално започна неговата дипломатска функција на овој континент.
Му посакуваме успешна работа во неговиот мандат и достојно да ја претставува Република Македонија.
2.
Големи пожари во НЈВ. Оваа недела доколку нема поголеми врнежи на дожд тие може да прераснат во суперпожар, поради што ќе мора да се евакуираат одморалиштата Леура и Катумба.
Во шумските пожари што од минатата недела горат во НЈВ, досега почина едно лице и се уништени голем број имоти. Пожарите опустошија повеќе од 100 илјади хектари. Ова се најкатастрофални пожари во југоисточниот дел на Австралија во последните 40 години. Ние што бевме сведоци на “црната сабота” и пожарите во Викторија, кога починаа 173 луѓе и изгореа 2,029 домови со болка во срцето гледаме како се развиваат настаните во областите на стихијата.
Голем број пожарникари и доброволци солидарно ги гасат пожарите со благодарност за помошта што во минатото ја добиле од НЈВ. Во тешките моменти целата федерација на Австралија најубаво го покажува своето лице и карактер.
3.
Оваа недела не заборавајте да го посетите Македонскиот Фестивал на Храната 2013. Минатогодишниот настан беше извонредно прифатен од заедницата и за оваа година се најавува дека ќе биде уште поголем и подобар.
Сите гурмани на убавата храна сигурно со нетрпение ќе го дочекаат овој настан што се организира само еднаш во годината.
Се надеваме дека и времето ќе биде наклонето, но и да не е, навикнати сме во Мелбурн да носиме со себе чадор.
4.
Во пресрет на секој државен празник, КАПРИКОРН 2010 Струга, заедно со граѓаните на општината на бандерите, прозорците и балкони го истакнуваат македонското државно знаме. Тоа се прави бидејќи локалната самоуправа, која ја презедоа Албанците од околните села, изразува непочитување на мнозинстовто Македонци што живеат во градот.
Оваа граѓанска организација сега побара помош за да биде уште поуспешна во својата задача. Кој може да донира и колку што може нека помогне.
Средствата ни се потребни за непрекинато одвивање на активностите за одбрана на националниот идентитет и правата на нашите сограѓани во Струга. Нам не ни требаат којзнае колку средства, само за материјали да набавуваме е доволно а активностите ги спроведуваме сами без надоместоци.
Однапред ви благодариме
Со почит,
Васко Јолески – претседател на ДЗЖ/ЖС “Каприкорн2010” Струга
Ви ја приложуваме и сметката на организацијата:
iban MK 07 210 7220000100 58
naziv na pravno lice
DZZ/ZS kAPRIKORN2010 Struga
SWIFT: TUTUNMK 22
NLB Tutunska Banka
AD Skopje
Vodnjanska 1
1,000 Skopje
Macedoniа