Се бара вистина и правда

1.
Македонскиот јазик е речиси изумрен меѓу помладите генерации во Грција. Постарите генерации, кои говорат на македонски со семејствата, роднините и пријателите, обично избегнуваат да говорат на македонски во јавност, изјавила Нацулиду пред учесниците на семинарот кој се одржал пред десетина дена.
Нацулиду предупредува дека Грција не дозволува употреба на македонскиот јазик во официјални цели. – Македонскиот јазик никогаш не се употребува во формален говор, во продавница, или во државните институции, па дури и кога говорникот знае дека лицето на кое тој/таа му се обраќа, исто така говори македонски, рекла Нацулиду, која бара грчката Влада да стори повеќе за зачувувањето на македонскиот јазик, а како почетен чекор да донесе закон за заштита на регионалните јазици и јазиците на малцинствата.

 

2.
Осомничените се на слобода, а осудени се судии, обвинителот и новинарот кои работеа на случајот, и по 8 години нема разрешница на мистеријата кој го убил 71 годишниот Лазо Милошевски.
И додека контроверзниот случај се уште ја бранува јавноста, роднините на старецот го чекаат одговорот на прашањето, кој го уби Лазо? И после осум години од злосторството случајот остана мистерија, а казната не го стигна убиецот.
Малкумина вистински знаат зошто всушност е казнет новинарот Кежаровски со 4,5 години затвор? Обвинувањето беше дека го објавил името и прекарот (не и презимето) на тнр. “заштитен сведок” во случајот за нарачано убиство во велешко село.
Сведокот кој имал криминално досие потоа самиот излегол во јавноста и велел дека бил принуден од полицијата лажно да сведочи. Во што е тука сега грешката на новинарот кој ја доби најголемата затворска казна во Европа за откривање на идентитет. За такво дело во Австралија максимумот е 12 денови затвор и парична казна.
Имаме ситуација во која граѓаните одговараат на одредена неправда и на сомневање дека нешто не е во ред со функционирањето на системот. Движењето е за да предизвика реформа на институциите за тие да бидат поправедни, поефикасни и поотворени кон граѓаните во спроведувањето на законите. Случајот е само повод, но барањата се во насока да се натера системот да функционира

3.

Во неделата, на 3 ноември, од Македонија пристигна делегација од четири доктори кои ќе се специјализираат во Австралија. Нив на аеродромот во Сиднеј ги пречека претседателот на Интернационалното Македонско медицинско друштво, д-р Зоран Бечваровски. Престојот на докторите: Гордана Божиновска (хирург), Дејан Димитровски (кардиолог и хирург), Владимир Мирчевски (нервенхирург) и Жарко Спасовски (хирург) е финансиран од Македонија, додека специјализацијата и размената на искуства и знаења е овозможена од НЈВ. Ова е и едната од причините зошто беше формирано медицинското друштво во Австралија од каде потекна оваа корисна идеја за усовршување, учење на новите процедури и размена на знаење.
Македонските доктори ќе можат да посматраат и ротираат низ приватната и државната болница во Сент Џорџ и приватната болница во Хрствил.

Останати вести