Бидејќи економијата на Ирска тешко заздравува од глобалната финансиска криза, во Австралија доаѓаат рекордно голем број Ирци.
Според статистиката на Одделот за имиграција и државјанство, во 2011 и 2012 година во Австралија свој привремен дом нашле 40,000 Ирци додека дополнителни 5,000 трајно се доселиле.
Австралија годишно ја посетуваат 50,000 луѓе што доаѓаат на годишен одмор од Ирска, овој нов миграциски бран е дел од колонијалното минато. Овие мигранти го обликуваа политичкиот и културниот живот на нацијата.
13 Oct 2024