Австралиските научници пронајдоа како настанува детската епилепсија

Генетските причини на најсилните видови на детска епилепсија се откриени во големото истражување што го извршија австралиските научници.

 

Со употреба на напредна генетска технологија научниците открија нови гени и генетски мутации што ја создаваат силната детска епилепсија.

Професор Сем Берковиќ, од Центарот за испитување на епилепсија на факултетот Мелбурн и болницата Остин, изјави дека ова отвора пат кон лечење на епилепсијата и дава одговори на пациентите и фамилиите кои порано не знаеја зошто се јавува епилепсијата.

Многу родители веруваат дека направиле нешто лошо и се обвинуваат себеси за болеста – изјави проф. Берковиќ. Најважниот аспект на истражувањето е да се секвенцира целокупниот човечки геном. Досега имавме пациенти со оваа сложена болест и не знаевме што се случува. Сега се познати сите гени и лесно можеме да ја составиме сликата.

Со употребата на најновата генетска технологија за секвенцирање и анализа на ДНК од 4,000 пациенти со епилепсија и нивните роднини, студијата ги споделуваше резултатите со десет истражувачки центри. Научниците ги споредуваа ехоните, односно целосните групи на гени на 264 деца со секвенците на нивните родители кои немаат епилепсија.

Разликите во секвенците на родителите и децата се анализирани за да се идентификуваат мутациите како потенцијален зачеток на болеста.

Останати вести