Епизода во општината Рокдаел – навреда во пресрет на прославата

Ендру Цуонис

Ендру Цуонис, советник од грчко потекло на општината Рокдаел во Сиднеј, се обидел да ја расипе организираната прослава на македонската заедница на Денот на независноста на Македонија.

Македонските советници во оваа општина експресно го обвинија својот колега за „расизам”. Улицата Кинг во Рокдаел и покрај оваа епизода се украсуваше со македонски симболи за закажаната прослава за 7 септември.

Македонските општински советници го осудиja советникот со грчко потекло од лабуристичката партија во Рокдаел, Ендру Цуонис, за поттикнување национална омраза меѓу македонските и грчките заедници на состанокот на Советот. Во оваа општина има 15 избрани советници кои се одговорни за управувањето на општината.

Советникот од либералната партија Николас Мицковски побарал од Ендру да им се извини на граѓаните на Рокдаел со македонско потекло затоа што смета дека неговите забелешки поттикнуваат национални тензии меѓу Грците и Македонците. Во општината Рокдаел се водела жестока дебата за прославата на Денот на независноста на Македонија, 8 септември.
Ендру Цуонис на општинскиот состанок барал Македонија да се именува како „ПЈРМ” затоа што тоа било во согласност со барањата на грчката заедница и барал да се гласа против прославата за Денот на македонската независност што требало да се одржи во Рокдејл, во неделата на 7 септември на Кинг Стрит.

„Во нашето општество, во градот Рокдаел нема веќе место за поттикнување на расна омраза и за вакви навредливи забелешки и именување на Македонците како „фајромијанс”, тоа е одамна минато за сите нас тука”, рекол советникот Мицковски.

„Ние тука треба да ги претставуваме нашите заедници и нивните интереси, без разлика на националноста и културата. Ние сме еден град со многу култури и бескрајни можности, а советникот Ендру се чини дека е антимакедонец со прогрчки националистички погледи, кои немаат никаква поврзаност со вредностите на денешното општество”, рекол Мицковски.

Бил Саравиновски, поранеш градоначалник на општината, кој е сега советник од лабуристичката партија, исто така веднаш реагирал на состанокот и ги осудил забелешките на советникот Ендру, кои за сите Македонци се навредливи и надвор од границата на културното однесување.

Иако се претставници на две различни партии, во овој случај македонските советници кога стана збор за Македонија и нашата заедница, се држеа заедно како еден тим.

Во одбрана на Македонците на состанокот застанал и градоначалникот Шејн О’Брајан, кој коректно и професионално го спречил советникот Ендру да продолжи со своите навредливи забелешки за време на дебатата.

Градоначалникот рекол дека не е соодветно да се шири националистичка омраза кога целта на советот е да се поддржи прославата на Денот на независноста на Македонија.

Градоначалникот Шејн О'Брајан

Бил Саравиновски

Николас Мицковски

Останати вести