Евертон беше принуден да излезе со соопштение дека нивниот поранешен фудбалер Френсис Џеферс е жив и здрав.
Еден навивач на Евертон од Австралија ги почна гласините дека Џеферс починал, но портпаролот на клубот од Ливерпул Дарен Грифитс веднаш ја демантираше веста.
– Среќен сум што можам да потврдам дека, наспроти бизарните и непријатни гласини што циркулираа синоќа, Френсис Џеферс е жив и здрав – објави Грифитс.
Џеферс (34), кој направи трансфер од Евертон во Арсенал за осум милиони фунти, се пензионираше минатата година, а своевремено важеше за еден од најталентираните напаѓачи во Премиер лигата, но никогаш не го реализираше својот потенцијал.