Македонската Австралиска организација на заедницата (MACO Macedonian Australian Community Organisation) годинава ќе го организира вториот по ред Macedonian Food Festival што ќе се одржи во недела на 27 октомври. Овој празник на храната и презентацијата на македонските прехранбени продукти и јадења, по големиот успех минатата година, се очекува да собере голем број посетители. На него ќе може да се соберат сите од заедницата и, се разбира, да ги поканат и своите пријатели кои се од друга култура и обичаи, за да се запознаат со нешто изворно македонско.
Местото за прославата повторно ќе биде Commonwealth Reserve, Nelson Place Williamstown од 10:00 часот наутро до 18:00 часот.
Најавено е учество на повеќе културно уметнички друштва, а ќе има богата програма што ќе ги забавува присутните кои во исто време ќе може да уживаат во македонската храна. Организаторите најавуваат збогатена програма и изненадувања, па останува со нетрпение да ги броиме деновите до овој настан.
13 Aug 2024