Младиот Филип Петрески доби професионален договор од Мелбурн Харт и оваа година би можел да се појави во првиот тим на А–лигашот. Филип (18), кој покажа извонреден талент уште како јуниор, прво во Нобл Парк Македонија, Хемтон Парк и Саут Мелбурн, полека ја гради својата иднина како домашен талент на Австралија.
Неговата улога како лево крило и извонреден одбранбен играч одамна е во видокругот на ловците на таленти во фудбалот. Во 2010 година Филип Петрески играше во aнглиската Премиер лига во младинскиот тим на Стоук Сити, и уште тогаш доби понуда за договор но бидејќи бил под 18 години се решил да ја продолжи кариерата блиску до фамилијата во Мелбурн. Истата година веднаш беше регрутиран во подмладокот на Мелбурн Виктори, а веќе во 2011 година премина во Мелбурн Харт. Очекуваме оваа сезона многу повеќе да слушаме за младиот талент со македонско потекло во А–лигата на Австралија.