Го изнервирале телевизиите, сам си ги откупил ТВ правата за фудбалски натпревар

Ирски фудбалски навивач кој живее во Австралија ги купил правата за телевизиски пренос на фудбaлскиот натпревар Ирска Шведска, пренесе Irish Times.

 

Дејвид Фини, по потекло од Даблин, бил толку фрустриран што во Австралија нема да може да го гледа квалификацискиот натпревар за Светското првенство меѓу Ирска и Шведска што одлучил прво да контактира со еден пријател во Ирска, кој се занимава со ТВ преноси, па потоа дал понуда на германската компанија која ги поседува правата за пренос.

„Ми рекоа дека мојата понуда е многу ниска, но блиску до реалната, па решив да ја покачам и тие се согласија”, раскажува Фини, кој за оваа цел се здружил со еден ТВ канал на кој се пренесуваат коњски трки, и кој потоа го пренесувал натпреварот. Фини ги купил ТВ правата и за натпреварот Англија Украина.

За да дојде до пари, Фини ја ставил куќата под хипотека. А најтешко од се му било да ја увери сопругата дека од сето ова ќе успее да заработи.

Останати вести