Не треба да станеме гробница на стари коли

После целосниот колапс на домашната автомобилска индустрија, во која се затворија фабриките на Форд, Холден и Тојота, на дневен ред во парламентот во Канбера дојде предлогот за намалување на ограничувањето за увоз на употребувани возила.

Според досегашниот закон само специјализирани возила или автомобили за ентузијасти постари од осум години можеа да се увезуваат во ограничени количини.
Предлогот е да се намалат некои ограничувања со намера да се дозволи пристап на поевтини употребувани коли, иако цените на автомобилите во Австралија се паднати на најниско ниво во изминатава декада. Стручњаците се загрижени за безбедноста на патиштата од кои може негативно да се одрази на смртноста при сообраќајните незгоди, која е на најниското ниво од 1935 година наваму. А најголема заслуга за тоа има што е обезбедена многу поволна цена на новите коли што имаат во себе безбедносна технологија. Просечната старост на колите во Австралија е под десет години, што е се уште над просекот на развиените земји како Јапонија, Британија и САД, чии автомобили се со просек од шест до седум години.
Федералната комора на автомобилската индустрија наведува дека зголемувањето на староста на колите во Австралија би имало негативно влијание врз сигурноста на патиштата.

Останати вести