Многу банки и финансиски институции целосно престанаа да плаќаат интерес на секојднневните сметки, додека главните плаќаат бедни 0.01 процент интерес.
Тоа е еднакво на 50 центи за 12 месеци доколку оставите 5,000 долари да ви седат на сметката преку цела година. Експертите советуваат дека парите доколку не ви прават минимум 4 проценти на годишно ниво тие со инфлацијата вредат помалку.
Но нјдоброто место да ги ставите парите што не ги користите е офсет сметка што е поврзана со вашиот кредит на куќа или инвестиција. Со просечната камата од 5.15 проценти имате одлична инвестиција плус немате никаков данок за тоа. Со типичен кредит од 300,000 долари доколку ставите 10,000 долари ќе имате пресметан само интерес за 290,000, а вашите пари можете да ги подигнете доколку за тоа имате потреба без никаква казна.
13 Oct 2024