Актерката Гвинет Палтроу се најде сред скандал! Како што пишува списанието „Ванити Фер”, таа сопругот Крис Мартин го изневерувала со милионерот Џеф Софер. Актерката тврди дека таа и Софер, сопругот на австралиската манекенка Ел Макферсон, се само пријатели.
– Тоа е потполна лага. Гвинет е само многу добра пријателка на Џеф – изјавил портпаролот на актерката, но „Ванити Фер” тврди дека наскоро ќе излезе со нови информации.
Кога Гвинет слушнала дека американското списание ќе пишува за нејзината афера, наводно ги повикала сите нејзини пријатели и им рекла да молчат.
Гвинет и фронтменот на британскиот бенд „Колдплеј” се во брак 10 години, а заедно ја имаат ќерката Ејпл (9) и синот Мосес (7). Актерката неодамна во шоуто на водителката Челзи Хендлер признала дека е зависна од сексот.