Тренерот Холгер Осиек е отпуштен од репрезентацијата

Фудбалската федерација на Австралија објави дека договорот со тренерот на репрезентацијата Холгер Осиек е прекинат. Одлуката е донесена после разгледувањето на квалификационата кампања за  Светското првенство во Бразил 2014, и интернационалните одиграни натпревари потоа, вклучувајќи го поразот од Бразил со 6 спрема 0, и најновиот од Франција повторно со страшно високи 6 спрема 0.

Претседателот на ФФА Френк Ловли раскинувањето на договорт со Холгер го објасни со долгорочниот интерес на австралискиот фудбал.

Треба сега да се освежи репрезентацијата и да се создаде конкурентен тим за Светското првенство во Бразил и потоа да се има тим кој ќе биде способен да го освои купот на Азија, кој се игра во Австралија во 2015 година.

Досегашниот асистент на тренерот Аурелио Видмар ќе биде назначен за заменик за време на следниот натпревар со Канада во Лондон, што се игра во вторник, на 15 октомври во 6:00 наутро по австралиско време.

Останати вести