Поранешната моделка на “Плејбој” Бренди Бранд беше екстрадирана од Лос Анџелес во Сиднеј, каде што ќе и се суди за вмешаност во трговија со кокаин. Четириесет и петгодишната актерка и зајачица за октомври 1987 година, се појави во Судот во Сиднеј, каде што долета истиот ден од САД.
Поранешната сопруга на басистот Ники Сикс од “Мотли кру” не поднесе барање за условно ослободување, ниту, пак, поднесе тужба. Таа е обвинета за вмешаност во организиран криминал со трговија со кокаин во авиони на “Квантас” и на “Јунајтед ерлајнс”, од Калифорнија до Сиднеј, од јули до декември 2007 година. Во овој период, таа заработила повеќе од 120.000 долари од вакви валкани зделки.
Нејзиниот поранешен дечко, Расти Сетсер од групата моторџии “Красти демонс”, минатиот месец беше екстрадиран во Сиднеј од Лос Анџелес, поради обвиненија за трговија со дрога.
13 Aug 2024