1.
Кога Македонија стана независна држава пред 22 години имаше помалку од 100,000 луѓе вработени во државната администрација. Денеска по компјутеризацијата и модернизацијата има околу 150,000 административци. Ситуацијата е толку очајна што некои од вработените треба да си седат дома бидејќи нема доволно столчина за паркирање на задникот.
2.
Би сакал да потенцирам дека нашиот тим е навлезен во третата декада откако без прекин издава весници, од Западна Австралија до Квинсленд, од Северната Територија до Тасманија. Во оваа работа, во која си добар само до следното издание, неуморно се жртвуваме и напорно работиме – нешто што го знаат само оние што биле во ваква дејност. Многу списанија во заедницата се појавиле и исчезнале додека ние сме минале низ добро и лошо од прогласувањето на независнота до денес.
Сите овие години покриваме еден огромен континент без никаква поддршка ниту од македонската ни од австралиската влада.
За сите настани информираме и афирмираме со апсолутна чесност и веродостојност, а се бориме во првиот ред со ветриштата на пропагандите и на негаторите.
Затоа во следните броеви сакаме и да се потсетиме на сите оние ентузијасти што гореа за Македонија и кои бездруго заслужуваат почит.
види стр. 32
3.
Државните претставници се најповикани да ја бранат Македонија на ист начин како и секој од нас тука што се става во улога на бранител. Плус за тоа се и добро платени.
Пратеничката Силвана Бонева на нејзиниот интернет профил објави слики од покривањето на референцата и оставањето само на уставното име на земјата што ја збеснало грчката делегација која протестирала кај генералниот секретар на ИПУ, и барала да се гледа FYROM ако сака Македонија да учествува на Собранието.
За жал, на најинтересниот дел потоа Силвана Бонева, не објаснува што се случило…
Кога се објави законот за пензиското осигурување тој беше заведен под ФИРОМ и јас и тогашниот уредник на Австралиско Македонскиот Неделник се договоривме и по цена на казна да не дозволиме соопштението на Австралија да биде заведено во нашите весници така во што и успеавме.
4.
Пролетта пука во Австралија и започнуваме со одбројување за Македонскиот Фестивал на Храната 2013. Остануваат уште три недели до 27 октомври, за големиот настан во Вилијамстаун.
5.
Во овој број го пренесуваме интегрално текстот од весникот “Дневник”, во кој се објавува шокантен документ дека првиот претседател на Македонија, Методи Андонов Ченто сакал да го уапси свештеникот Методи Гогов –познат како поглаварот на МПЦ г. г. Михаил (пред тоа долгогодишен свештеник во Австралија).
Вие како читатели треба да сте информирани и ќе можете да просудите самите зошто некој намерно ги отвора документите на починати луѓе и дали пак тие се веродостојни.
Веќе се зборува дека Гоце Делчев и Никола Карев се следните. Првиот дека бил против кревање на Илинденското востание бидејќи сметал дека е преурането и сме неподготвени, а вториот дека републиката траела само десет дена.
Навистина свештеникот Гогов беше пратен на долгогодишна робија но ми се чини треба да се изрази резерва дека тоа е сторено со потписот на Ченто.