Студент од Австралија имал точно 1088 Фејсбук пријатели. Наместо да им направи чистка, решил секој од нив посебно да го запознае и заедно да шмркнат кафе.
Мет Кaлеза е студент од Мелбурн кој одлучи да направи еден несекојдневен потег – да излезе на кафе со сите пријатели кои ги има на својот Фејсубк профил, и тоа со секој поединечно. Интересно е да се напомене дека во период од седум години собрал 1.088 пријатели, па решил да се дружи со секој посебно.
Оваа авантура тој ја документира, па направи свој блог 1000+Coffees, и се надева дека потфатот ќе го реализира во период од три години.
Социјалниот експеримент го започна овој септември и досега има излезено на 23 средби. Во последните три недели имаше по едно кафе дневно со Фејсбук пријател.
„Идејата е доста едноставна. Еден ден се запрашав: Кои се тие луѓе, мои наводни пријатели на Фејсбук? Можев едноставно да ги избришам, но се премислив и посакав да ги запознаам, и тоа еден по еден. Сета таа идеја ми се чини како еден супер социјален експеримент кој изненадувачки мојот живот го промени на подобро”, вели 28-годишниотМет.
„Им се јавив дури и на некои бивши девојки и сето тоа испадна одлично. Сите на кои им се јавив се заинтересирани за оваа моја едноставна идеја, која за кратко време влијае многу позитивно на мојот живот”, објаснува Австралиецот.
За време на средбите Мет многу малку зборува за себеси, обидувајќи се да дознае што повеќе за лицето со кое пие кафе. “Се чувствувам како да ги интервјуирам”, заклучува тој на шега.
13 Aug 2024