Оваа година по повод одбележувањето на 22-та годишнина од независноста на Република Македонија 8-ми септември, македонските групи за планирани активниости од Спектрум Центарот за Доселници (Спецтрум Мигрант Ресоурце Центре и Ѕарра Плентѕ Регионал Либрарѕ – Тхомастоњн Библиотеката , организираа заедничка промоција на изложба на ракотворби направени од членовите на групите и на нова колекција македонски книги од страна на Томастон Библиотеката.
Изложбата беше официјално отворена на 5-ти септември во Томастон Библиотеката во присуство на над 80 лица. Изложбата ќе биде остворена до 1 ви октовмри оваа година и ќе биде дел од календарот на настани за Викторисиот Фестивал за Сениори од Општината Даребин.
Македонската гајда ечеше низ Томастон на задоволство на сите присутни. А нашите вредни домаќинки ги покажаа своите вешти способности приготвувајќи прекрсани домашни специјалитети за учесниците. Програмата беше збогатена со говорите на нашите членови Вера Георгиевска, Марика Цатиповска и Кочо Крушорати кои зборуваа за важноста на постоењето на овие групи а воедно и заблагодарувајќи и се на Јагода Котеска за нејзиниот придонес овие групи и понатаму да функционираат меѓу македонската заедница.
членовите на групите кои ги направија рачните изработки се над 65 год возраст, повеќето над 80 години, но полни со елан за работа и за покажување на својата умешност во изработка на ракотворби.
Покажувајќи ги своите таленти нашите членови се чувствуваат гордо и корисно што помага за пораст на личната самодовербата, што е целта на програмата за Планирани активности за постари. Оваа изложба им значи многу на нашите членови затоа што е нивен придонес кон прославата на Денот на независноста на Република Македонија.
ЈагодаЗдравеска-Котеска / Даниела Силјаноска