Ја убил и сварил сопругата

Готвачот Маркус Петер Волке од Австралија ја убил својата транссексуална сопруга, а пота ја сварил.

 Страотното убиство и се што следело потоа се случило во станот на младата брачна двојка, Маркус Петер Волке (28) и Индонежанката Мајанг Прасетио (27), во Бризбен.

Прасетио се рекламирала на еден специјализиран сајт како транс-ескорт дама, поради што, според претпоставките на полицијата, нејзиниот инаку срамежлив и повлечен сопруг, ја убил, го распарчил нејзиното тело и го сварил.
Полицијата влегла во нивниот стан по дојава на соседите, кои се пожалиле на непријатни миризби. Делови од телото биле пронајдени на шпорет додека се вареле, а ги имало и во пластични кеси насекаде низ станот.
Дејли мејл

Останати вести