И во безлична комбинација Анџелина изгледа фантастично!

Додека Бред Пит се наоѓа на филмскиот фестивал во Торонто поради промоција на својот нов филм „12 Years a Slave”, Анџелина Џоли е во Австралија каде се подготвува снимањето на новиот филм „Unbroken”.

За жал, Енџи и овој пат ќе биде зад камерите. Филмот е насловен “Нескршлив”, а е режиран по приказната од бестселерот на Лаура Хиленбранд, во која се зборува за Лусија Замперинија, олимписка натпреварувачка која била заробена од јапонските сили во текот на Втората светска војна.

“Имав чест да ја запознаам Лусија, која преживеала 47 денови без храна и вода. Таа е мојот херој и гордо можам да кажам, пријател”, изјавила Анџелина која моментално е во потрага по локација за снимање. Како што пренесуваат весниците, со неа ги земала и шесте деца кои ги има со Бред Пит.

Таа е забележана како со децата го посетува Аквариумот во Сиднеј.
Како и обично, актерката била облечена во црно од глaва до пети – здолниште до колена, долга маица со тенки прерамки и црни балетанки, и повторно успеала да изгледа одлично.

 

Останати вести