Јубилеј на Македонската Евангелска обединета црква во Мелбурн

Слика од 36 годишнината на оваа Македонска обединета црква

Македонската Евангелска Обединета Црква од Престон, што се наоѓа на Wood Street & Murphy Grove, го прослави својот јубилеј од 40 години.

Оваа Евангелска црква претставува целина на едно големо светско црковно движење кое ја признава Република Македонија под нејзиното уставно име и Македонците имаат служба на мајчин јазик, библија итн. Службите во оваа црква се одвиваат на македонски и англиски јазик, секој верник има пред себе во црквата Библија и активно учествува во службата. Во чест на јубилејната прослава што се одржа во неделата на 14 септември беше гостин говорник господин Крис Филд од Христијанската Мисија.
Мнозинството Македонци се припадници на православната религија но постои и долга традиција на протестантите со корени уште од почетокот на 19 век, се смета дека над 40,000 или околу 3 проценти во Македонија се припадници на оваа гранка на христијанството. Во Австралија постојат две Македонски Протестантски цркви: Македонската Евангелска Обединета Црква од Престон и Македонската Христијанска црква во Риџент, и има иста таква и во Сиднеј. Покрај нив постои и Македонската Адвентистичка црква на 252 Гордон Ст во Фуцкрај.

Останати вести