По убедливиот пораз на федералните избори Лабуристите ќе требаат да си побараат нов лидер бидејќи Кевин Рад, по непишаното правило на политиката во Австралија си даде оставка. Веднаш се пројавија коментари од видни личности во партијата дека треба да си замине и од Парламентот по неговото дестабилизирачко однесување во кое успеа да и се одмазди на Џулија Гилард за тоа што таа него го смени пред три години. Партијата е се уште поделена на табори и сака да се ослободи од товарот што би го носела дека во шесте години на владеење самата се порази. Од Либералната партија која сега стапува на власт сметаат дека тоа е прашање на Лабуристите и секако би сакале и понатаму да биде тука Кевин Рад за да можат за секоја грешка на претходната влада да покажуваат со прст кон него и останатите министри што многу ветуваа, а малку остварија.Сенаторот Ким Кар изјави дека Кевин Рад ќе остане во Парламентот како претставник за областа Грифит, наспроти противењето на неговите сопартици.
13 Aug 2024