Прајминистерот Кевин Рад е нејасен околу Сирија

Прајминистерот Кевин Рад предупреди дека е против ненадеен напад на Сирија иако САД дадоа сигнали дека ја разгледуваат можноста за напад со проектили на претседателот Башар Ал– Асад.

 

Четири американски воени бродови наоружани со ракетите “томахавк” се приближени до Сирија. Присетувајќи се на Ирак, предупреди дека Австралија “треба да внимава да не се повторни погрешната одлука од минатото”  и дека треба да се искористи влијанието да се изнајде меѓународно решение. “Мислам сите се сеќаваме  како претходните влади на Австралија и другите земји тргнаа во војна со Ирак на темел на нешто што искрено речено беше сосема невистинито”, рече прајминистерот.

Само неколку денови подоцна прајминистерот Рад побара да се преземе силна акција против Сирија, во очи на подготовката за преземање на претседателството на безбедносниот совет во ОН.

После конверзацијата со претседателот на САД Барак Обама, прајминистерот рече мора да биде испратена јасна порака дека вакви прекршувања на интернационалните норми не смее да се толерираат. Во светот  се уште се води дебата околу тоа дали е употребено хемиско оружје и доколку било употребено кој го употребил, владините сили или побунетите групи на отпорот.

Останати вести