Фотограф на велосипед ја турнал Никол Кидман на земја, глумицата ќе го тужи

 

По присуството на ревијата на Келвин Клајн во Њујорк, глумицата Никол Кидман се враќала во својот хотел кога во неа со полна брзина удрил фотографот Карл Ву, кој се обидувал да ја фотографира.

Модната недела не беше баш добро искуство за Никол. Пред хотелот во Менхетан, каде што престојува оскаровката, папараци новинар поминувајќи со велосипед се удри во актерката и двајцата се најдоа на земја.

Очевидец објаснува дека токму во моментот кога актерката излегла од автомобилот, со кој се враќала од модно шоу, фоторепортерот Карл Бу сакал да ја слика. Меѓутоа, тој изгубил контрола поради брзината со која се движел, се судрил во актерката и таа паднала на земја.

– Изгледа дека ја болеше, но немаше крв. Стана, си ги облече штиклите и влезе во хотелот, објаснува очевидец.

Обезбедувањето на хотелот веднаш побрзало да ѝ помогне и да ја одбрани од фотографите, но откако таа паднала, никој не можел да ги спречи да ја фотографираат.Никол била гостинка на модната недела во Њујорк, каде што се претставувала новата колекција на Келвин Клајн, а несреќата ѝ се случила кога се враќала во хотел.

Се очекува Никол да го тужи новинарот, кој веднаш се упатил кон полициската станица.

Останати вести