Киро Николовски беше еден од бројните Македонци кој помагаше за реизбор на пратеникот Лук Симпкинс
Големиот пријател на Македонската заедница во Австралија, федералниот пратеник Лук Симпкинс на изборите што се одржаа во саботата, повторно успешно победи во својата изборна единица Кован. Еден од Македонците што помагаа за реизбор на пратеникот од Западна Австралија беше и Киро Николовски. Иако Либералната партија имаше намалување на гласови за 0.2 проценти, Лук Симпкинс забележа зголемување на бројот на своите гласачи за 0.85 проценти. Во Западна Австралија од 15 места во федералниот парламент дури 12 се на Либералната партија.