Австралиската манекенка и водителка Ребека Џад (31) објави фотографии на кои се гледа дека е коска и кожа, па дури и се пофали дека и е мило што може да јаде колку сака и кога сака, а и понатаму да изгледа сјајно. Преслабото тело на Ребека покрена вистинска војна со коментари на социјалните мрежи.
За голем дел од нејзините фанови и корисници на Инстаграм, Ребека многу повеќе личи на костур отколку на убавица, а многумина и препорачале дека е во првиот стадиум на анорексија и дека на овој начин си го загрозува здравјето. Од друга страна пак манекенката доби и позитивни коментари во кои нејзините фанови го фалат нејзиниот изглед и се воодушевуваат од нејзината упорност за само шест месеци по породувањето да ја врати својата „совршена линија”.
13 Aug 2024