Масовната тепачка се случи минатата седмица во предградието Мирабука што е дел од градот Перт во Западна Австралија.
Во неа зеле учество 30 македонци и 10 африканци, а причината за крвавата тепачка била девојка. Полицијата на оваа тепачка која се одвивала низ улиците интервернирала со повеќе возила.
Во средата се огласи и Крис Ангелков, потпретседател на Македонската заедница во З.А. изразувајќи голема разочараност од инцидено. “Ова е многу вознемирувачко и како заедница ние го осудуваме таквото однесување и веруваме дека никогаш нема да се повтори. Ние не ги знаеме фактите околу овој инцидент освен дека било промовирано преку социјалната медија “фејсбук” и СМС пораки, и силно веруваме дека било каква форма на насилство и расистички врски со овој настан се загрижувачки за целата јавност.”
13 Oct 2024