Во саботата навечер во прекрасниот ресепшон „Нерет” од Мелбурн, МКУД „Јане Сандански” ја одбележа 32 годишнината од своето формирање. На свеченоста им беа доделени пехари на 50 тина играорци и играорки како и на кореографите на трите групи.
Инаку, МКУД „Јане Сандански” е најголемото друштво во Австралија во кое минатата година играа близу 100 ираорци и играорки. Од Управата велат дека за следната 2014 година бројот на играорците ќе се зголеми бидејќи дојдени се уште десетина нови деца кои ќе му се приклучат на друштвото.
Ицо Најдовски Перин