На крајот од сезоната според вообичаената традиција клубовите одржуваат презентациона вечер на која им се оддава почит на најдобрите играчи што во изминатата сезона дале највпечатлив придонес за тимот.
Признанието за најдобар фудбалер годинава за првиот тим им беше доделено на Горан Јанев, најдобар стрелец и Гоце Петровски. Како нова надеж за клубот е прогласен Даниел Горгиевски.
Во резервниот тим за најдобар е прогласен Мајкл Толески, а признанието за најдобар стрелец го делеа Енди Екуловски и Мајкл Милевски. Како нова надеж е прогласен Александар Дарковски.Се надеваме дека по заслужениот одмор следнава сезона екипите на Слога ќе настапат уште посилно.