Австралиската убавица Лара Бингл го нападна списанието Фејмоуз тврдејќи дека на нејзините објавени фотографии дигитално е додаден целулит!
Фотографиите на кои се гледа целулитот на познатиот модел се појавиле на насловната страница на тиражното списание Фејмоуз и бргу го обиколија светот. Гневот пак кај Бингл бил толку очигледен што на социјалните мрежи се изјаснила дека списанието е одвратно и недолично, а целулитот и е додаден.
Уредниците на списанието и одговориле на Лара преку нејзиниот Твитер- профил, јасно, кратко и многу едноставно – „Фотографиите не се фотошопирани”.