Лековите и артритисот

Во ова издание се дадени општи информации за главните видови лекови што се користат за артритис. Исто така, во него се дадени совети за безбедно користење на лекови и каде да се побараат натамошни информации. Во овој информативен лист не се дадени сите можни контраиндикации (side effects) и за тоа треба да разговарате повеќе се вашиот доктор или аптекар.

Аналгетици (лекови против болки)

Лековите против болки се често првите лекови што вашиот доктор ќе ги препорача за смирување на болките. Некои лекови против болки може да се добијат без рецепт, додека други мора да бидат препишани од доктор.

Видови: Парацетамолот е едноставен лек против болки, кој може да смири слаби до умерени болки.
Постојат посилни лекови против болки, како што е комбинацијата на парацетамол и кодеин, трамадол и низа лекови на база на морфиум (опијати).
Ефекти: Лековите против болки делуваат врз нервниот систем за да ги намалат болките. Тие не делуваат на други симптоми како што се отечени зглобови или вкочанетост.
Како се употребуваат: Во некои случаи болката може да биде контролирана со употреба на аналгетик само тогаш кога е потребно. Некогаш болката се контролира подобро со редовно земање аналгетик, на пример четири пати на ден. Побарајте совет од вашиот доктор или аптекар кој е најдобриот начин на земање аналгетици за вашата медицинска состојба.
Ризици: Парацетамолот предизвикува многу малку контраиндикации кога се зема во препорачаната доза. Меѓутоа, земањето повеќе од препорачаната дневна доза може да предизвика големи проблеми на црниот дроб. Посилни лекови против болки може да предизвикаат запек, мачнина, повраќање и сонливост.
Нестероидни антиинфламаторни лекови
Нестероидните антиинфламаторни лекови (Non-steroidal anti-inflammatory drugs – NSAIDs) намалуваат воспаление, потеченост на зглобовите и вкочанетост. Тие често се користат за лекување на инфламаторни видови артритис, како што е ревматоидниот артритис. Тие исто така можат да ги намалат болките кои не можат да се контролираат само со аналгетици.
Видови: Постојат голем број различни видови NSAIDs,
како што се напроксин и ибупрофен. Постои една група NSAIDs наречена COX-2 инхибитори, за кои е нешто помалку веројатно дека ќе предизвикаат стомачни проблеми. Иако некои NSAIDs може да се добијат без рецепт, вашиот доктор може да ве посоветува кој од нестероидните антиинфламаторни лекови и во кои дози е најдобар за вас.
Ефекти: NSAIDs го спречуваат телото да произведува супстанци (простагландини) кои предизвикуваат воспаление. Тоа ги намалува симптомите како што се болката и отекувањето. NSAIDs не можат да го излекуваат вашиот артритис или да имаат долготрајно влијание врз него.
Како се употребуваат: Некои медицински состојби може ефикасно да се контролираат со повремено, т.е. по потреба, користење на NSAIDs. За други медицински состојби може да треба поредовно користење на NSAIDs. Побарајте совет од вашиот доктор или аптекар кој е најдобриот начин на користење на NSAIDs за вашата медицинска состојба и како да ја намалите дозата на NSAIDs ако болката е послаба.
Ризици: Секогаш разговарајте со вашиот доктор или аптекар пред да почнете да земате NSAIDs, бидејќи тие може да предизвикаат сериозни контраиндикации во споредба со парацетамолот. Ако постојат проблеми со крвниот притисок, бубрезите или срцето, кај мал број луѓе може да биде зголемен ризикот од срцев удар, мозочен удар или откажување на бубрезите. Една од најсериозните контраиндикации на NSAIDs е крвавење во стомакот и горниот дел на цревата. Знаковите на крвавење вклучуваат стомачни болки, крв во изметот (или темен измет) или повраќање со боја на кафе. Ако имате некој од овие знаци додека земате NSAIDs, одете кај вашиот доктор.

Кортикостероиди

Тие исто така може да се користат за лекување на еден воспаление.
Видови: Кортикостероидите може да се земаат преку уста како таблети или како течност. Тие исто така може да се даваат како инјекција во зглоб, мускул или меко ткиво.
Ефекти: Овие лекови имаат силно антиинфламаторно дејство и ги намалуваат болката и отокот. Меѓутоа, тие не можат да ја излекуваат болеста.
Како се употребуваат: Поради ризикот од контраиндикации, вашиот доктор ќе ја препише најмалата можна доза за најкус период. Може да се случи да има потреба повторно да почнете да земате кортикостероиди за време на „напад” (кога симптомите се влошуваат во одреден период).
Ризици: Кортикостероидите може да имаат сериозни контраиндикации ако се земаат во големи дози или подолго време (повеќе од неколку недели). Додека земате кортикостероиди вашиот доктор ќе контролира дали ќе се појават контраиндикации. Вообичаените контраиндикации опфаќаат зголемување на тежината, истенчување на коските (остеопороза), висок крвен притисок и зголемена предиспонираност на инфекции. Инјекциите кортикостероиди обично предизвикуваат помалку контраиндикации од таблетите.

Антиревматични лекови кои ја модификуваат болеста (DMARDs)

Антиревматичните лекови кои ја модификуваат болеста (Disease-modifying anti-rheumatic drugs – DMARDs) се користат за лекување на инфламаторни видови артритис, како што е ревматоидниот артритис и анкилозантниот спондилитис. Голем број DMARDs делуваат на имунолошкиот систем за да предизвикаат „потиснување на имунитетот”. Тоа ја намалува активноста на имунолошкиот систем кој ги напаѓа и оштетува здравите зглобови. На располагање е и една понова група на DMARDs, позната како „биолошки DMARDs”. Тие блокираат извесни супстанци во крвта и зглобовите
кои предизвикуваат воспаление. Тоа го намалува воспалението и го запира оштетувањето на зглобовите. DMARDs и биолошките DMARDs обично ги препишуваат само специјалисти.

Значајни медицински совети

  • Треба да знаете зошто ги земате лековите и кои се можните контраиндикации. За повеќе информации разговарајте со вашиот доктор или аптекар.
  • Секогаш читајте ги етикетите на сите лекови, а лековите земајте ги според упатствата. Ако имате прашања, проверете кај вашиот доктор или аптекар.
  • Носете со себе листа на сите ваши лекови, вклучително дозите и алергиите. Тоа може да биде корисно кога разговарате со вашиот доктор или аптекар.
  • Секогаш разговарајте со вашиот доктор или аптекар пред да почнете да земате лекови што се во слободна продажба (over-the-counter medicines), вклучително природни лекови, бидејќи некои лекови може да создадат проблеми ако се земаат заедно.
  • Вашите лекови не ги споделувајте со пријатели или роднини – лековите што вие ги земате може да бидат штетни за нив.

Повеќе информации

Австралиското ревматолошко здружение има информативни листови на англиски за NSAIDs, кортикостероиди и за секој од DMARDs и биолошките DMARDs. Информативните листови содржат детални информации за тоа како да се земат лековите, контраиндикациите и мерките на претпазливост. Тие се достапни на интернет на www.rheumatology.org.au
За независни информации од регистрирана медицинска сестра во врска со лекови препишани на рецепт, во слободна продажба и за природни лекови јавете се на Medicines Line, телефонска служба што ја обезбедуваат National Prescribing Service и Healthdirect Australia. На вашето прашање одговорот може да го добиете веднаш, или може да бидете упатени на вашиот доктор (GP)
или аптекар, или поврзани со аптекар на NPS. Телефон: 1300 633 424 од понеделник до петок, од 9 наутро до 5 попладне источно стандардно време, или посетете ја интернет страницата www.nps.org.au
ЗА ПОВЕЌЕ ИНФОРМАТИВНИ ЛИСТОВИ ЗА АРТРИТИС ЈАВЕТЕ СЕ НА ЛОКАЛНАТА КАНЦЕЛАРИЈА ЗА АРТРИТИС.
Разговарајте со вашиот доктор или аптекар кој е најдобриот лек за вашиот артритис. Информирајте се за вашите лекови, вклучително како да ги земате и кои се можните контраиндикации.

Останати вести