Известување за одржување на летната школа по македонски јазик

Почитувани!
Ве известуваме дека Летната Школа по Македонски јазик наменета за деца потомци на иселениците од Македонија, со цел изучување на македонскиот јазик која Агенцијата за иселеништво ја организира секоја година, ќе се одржи во август 2016 година. Сместувањето на учениците и одржувањето на наставата ќе биде во хотел во Охрид. Агенцијата за иселеништво ќе ги сноси трошоците за наставниците кои ќе ја водат наставата и 50% од трошоците за хотелското сместување на учениците. Превозот до Охрид ќе биде во организација на родителите. На „Летната Школа” учество можат да земат сите заинтересирани, без претходна селекција. За дополнителни информации околу сместувањето и цената ќе ве известиме во поблиска иднина.
Ве молиме присуството да го пријавите на интернет адресата на Агенцијата за иселеништво: e-mail:info@minisel.gov.mk
Благодариме за соработката

Директор, Васил Наумов

Останати вести