Во текот на есента е особено важно да работиме на имунитетот и да го подготвиме организмот за сезоната на настинки.
За да го постигнеме тоа, потребно е да внесуваме што повеќе храна и течности од растително потекло, да пиеме природни чаеви, а една билка може многу да помогне во целиот тој процес.
Се работи за босилекот, кој е одличен зачин, од него се подготвува и чај, па дури и популарниот песто сос.
Ова се неговите здравствени бенефити:
За проблеми со варењето – Италијанците статистички имаат најмалку дигестивни проблеми, а тоа се должи на тоа што редовно го користат босилекот во исхраната. Додадете го во храната или направете свеж чај, веднаш ќе почувствувате смирување на цревата и намалена подуеност.
Кај настинки – Босилекот го смирува надразнетото грло. Чајот од босилек можете да го подготвите и од свежи листови, но и од исушени.
Против главоболки – Инхалирајте јак чај од босилек за да се ослободите од главоболките. Во два литра вода додадете две лажички сув босилек и додека е врела течноста, инхалирајте покриени со крпа барем 10 минути.
Против убоди од инсекти – Oдгледувањето босилек во дворот или на терасата ќе ги „избрка” комарците, а ако веќе ве каснале, можете убодот да го протриете со еден измиен лист и ќе се смири црвенилото и чешањето.
Против стрес и анксиозност – Аромата на босилекот има антистресни својства. Неговиот мирис ќе ви помогне да се релаксирате и да се опуштите, дури и кога сте многу напнати.