За четири години повеќе од 26.000 Македонци побарале азил во ЕУ

Европската статистичка служба „Евростат” ја смести Македонија на второто место по поднесени барања за азил во Европската Унија од земјте од Западен Балкан за периодот од 2009 до 2013 година.

 

Најмногу барања за азил во тој период има од Србија – 61.455 што е речиси 50 отсто од сите барања од државите од регионот во ЕУ. Следува Македонија со 26.050 барања, што е речиси една четвртина од сите барања поднесени во истиот период од држави од Балканот. По Македонија, следува Албанија со 18.465, БиХ со 13.455 и Црна Гора со 2.870 барања за азил.

Во 2011 година од Западен Балкан азил во ЕУ побарале вкупно 25.810 жители (5.545 од Македонија). Во 2012 година таа цифра е 43.250 луѓе што е 13,4 отсто од вкупните барања за азил во ЕУ (9.625 од Македонија).

За истиот период, според „Евростат” азил побарале вкупно 122.285 лица од Западен Балкан, што е речиси колку и бројот на жители на Подгорица, Мостар или Риека, јави Анадолија.

Останати вести