Малтретираат пијани девојки, па ги срамотат на Фејсбук

Бандата функционира така што Фејсбук се користи за намамување на жртвите и за нивно срамење со објавување во медиумите. Првите снимки ги објавиле пред пет месеци, не само за да ги именуваат жртвите, туку и за да регрутираат истомисленици.

 

Групата тинејџери од Окланд, Нов Зеланд, позната под името „Роаст Бустерс„ се гордее со својата „работа„ и порачува дека тие се што работат, сфаќаат многу сериозно. Како што пишуваат медиумите, полицијата не им може ништо, затоа што ниту една жртва до сега не собрала храброст да ги пријави. Судејќи според се, жртвите се премногу трауматизирани.
Новинарите на локалната станица „3 Њуз„ истражија како бандата функционира. И тие всушност открија дека Фејсбук се користи и за намамување на жртвите и за нивното срамотење со објавување во медиумите.
-Ова што го правиме го сфаќаме доста сериозно. Некои мислат дека тоа е шега, но не е – рече едно од момчињата на објавеното видео.
-Обидете се вие да привлечете толку девојки. Тешко е, тоа е работа, не работиме од забава- вели тој.
Првите снимки ги објавиле пред пет месеци, не само за да ги именуваат жртвите, туку за да регрутираат истомисленици.
-Ние не ги бираме девојките. Некои ни приоѓаат за да се дружат со нас. Тие знаат какви сме и што можат да очекуваат- се бранат момчињата.
Еден од нив рече дека првото такво искуство им било забавно и дека се чувствувал како маж.
Една од жртвите, инаку малолетничка, раскажува што и се случило.
Бев онесвестена, испив премногу алкохол. Спиев со тројца во исто време, може да се рече дека ме силуваа- изјави неименуваната девојка.

Останати вести