Во рамки на годишното истражување кое го спроведува весникот „Економист”, Мелбурн и оваа, како и претходните две години е прогласен за најдобро место за живот, додека најлошо за живеење е во сириската престолнина Дамаск
Главниот град на австралиската југоисточна држава Викторија се најде пред Виена и канадските градови Ванкувер, Торонто и Калгари, а меѓу првите 10 се уште три австралиски градови – Аделејд, Перт и Сиднеј, како и финската престолнина Хелсинки и новозеландската Окленд.Мелбурн од вкупно 141 град, се најде на првото место во сите пет категории – стабилност, здравствена заштита, култура, образование и инфраструктура.
Заради немирите во рамките на „арапската пролет” во 2011 година, која доведе до граѓанска војна во Сирија и Либија, како и до востание во Египет, положбата на Дамаск, Триполи и Каиро на рамки на овогодишното испитување е значително полоша, а сириската престолнина падна за 10 места подолу и се најде на дното на листата.
Последнте 10 градови на оваа листа се Техеран, Дуала во Камерун, Триполи, Карачи, Алжир, Хараре, Лагос во Нигерија, Порт Морзби во Папуа Нова Гвинеја, Дака во Бангладеш и Дамаск.