После долги години труд Геј Вотерхаус успеа да го освои Мелбурн Куп, најпрестижната трка на јужната хемисфера која го прослави својот 153 роденден. Вотерхаус постави и уште еден рекорд постанувајки првата жена тренер што го освојува овој трофеј досега.
Кобилата Фиоренте која беше фаворит во оваа трка стигна на целта пред Ред Шардоне победникот во 2011 година и третопласираната Маунт Атос. Главната трка во првиот вторник на ноември, наречена Мелбурн Куп, што трае 3,200 метри и во која се тркаат кобили е најпрестижната награда што може да се добие на хиподром во Австралија.Трофејот носи и награда од 6.2 милиони долари и после три пати освојување на второто место оваа победа за Геј Вотерхаус е најслаткиот триумф што може да го замисли.
Денот имаше убаво време кое им овозможи на сите прусутни во Флемингтон да уживаат во оваа традиција која по својата масовност и убавина е ненадмината на континентов.
Пласманот на Мелбурн куп 2013 е:
1. Fiorente
2. Red Cadeaux
3. Mount Athos
4. Simenon
5. Dandino
6. Fawkner
7. Ethiopia
8. Brown Panther
9. Super Cool
10. Voleuse de Coeurs
11. Dunaden
12. Seville
13. Sea Moon
14. Royal Empire
15. Mourayan
16. Ibicenco
17. Foreteller
18. Masked Marvel
19. Dear Demi
20. Hawkspur
21. Green Moon
22. Tres Blue
23. Ruscello