Во саботата, на 16 ноември Македонската Адвентистичка црква од Мелбурн имаше посета на Westall church, во Спрингвеил. Целата програма дента беше водена од Македонската Адвентистичка црква, а по службата имаше богат ручек подготвен од сестрите од црквата Вестал.
Христијанската адвентистичка црква (Црква на адвентистите на седмиот ден) е интернационална христијанска црква, застапена во 204 од постојните 230 земји, признати од ОН. Во светот има повеќе од 16.3 милиони адвентисти (возрасни, крстени верници) и голем број посетители и симпатизери. Овој број константно се менува бидејќи адвентистите се една од најбрзорастечките христијански цркви во светот, со просечно темпо од над 2000 нови членови дневно на светско ниво.
Адвентистите низ целиот свет развиваат добрососедски односи и заедница со сите луѓе, без оглед на нивната расна, национална, филозофска, верска, политичка или која и да е друга определба и припадност. Начелно адвентистите политички се неопределени, но се лојални граѓани на својата земна татковина. Тие чувствуваат одговорност пред општеството во кое живеат, ги почитуваат и ги извршуваат своите граѓански и општествени должности. Своите верувања тие ги засноваат на Светото писмо – Библијата. Македонската Адвентистичка црква од Мелбурн се наоѓа на 252 Gordon St, Footscray.
02 Dec 2024