Македонците го кренаа знамето во Мелбурн

Во Мелбурн продолжи воспоставената традиција по повод 8ми септември, денот на независноста на Република Македонија. На 8 ми септември, во 11: 00 часот, на Federation Square, во неделата, се одржа кревање на знамето.

Оваа традиција во 2008 година ја започна Советот за Мелбурн и Викторија предводен од Злате Ничевски. На тој ден знамето на Македонија се вееше во центарот на градот. Покрај претставниците од Советот за Мелбурн годинава и конзулката Бети Коруновска беше присутна на свечениот настан.

Останати вести