Сара Анастасиеска е новата млада кошаркарска ѕвезда избрана да ја претставува Австралија во групата на играчи под 17 години.
Сара со само 16 години е една од најталентираните играчи во тимот на селекторот Крис Лукас кој ќе го предводи тимот на светското првенство во кошарка за играчи под 17 години кое ќе се одржи од 26 јуни до 6 јули идната година во Братислава Словачка.
Сара е родена во Скопје во 1997 година и живее во реонот на Северните Плажи на Сиднеј Австралија од својата четиригодишна возраст со своите родители Сашо и Џени и со постарата сестра Стефани.
Се започна во не така далечната 2009 година, кога талентот на Сара беше откриен случајно кога таа со своите школски другарки почнаа да играат кошарка во локалната јуниорска лига на Манли.
Бред Далтон, двоен австралиски олимпиец во кошарка се сеќава на моментот кога ја видел Сара првпат како игра:
“Од деца кои се во основно училиште ја очекувавме вообичаената базична игра. Ама после многу кратко време беше очигледно дека Сара е на многу повисоко ниво од другите девојчиња, таа доминираше на теренот што навистина беше изненадувачко за нас знаејќи дека нема никакво искуство во спортот. Сара веднаш се издвои од тимот со својата експлозивност и беше задоволство да се гледа како игра.” Јас веднаш уште тогаш знаев дека ние ќе мора да ја вклучиме во Јуниорските Репрезентативни селекции” вели Далтон.
После тоа се е приказна за себе:
Во 2010 Сара за првпат ја доби стипендијата на престижниот Национален Интензивен Тренинг Програм (НИТП) на Кошаркарската Федерација на Нов Јужен Велс како една од само 5те девојчиња од Нов Јужен Велс (НЈВ). Во октомври ќе биде четврта последователна година како Сара ја доби оваа престижна стипендија на Кошаркарската Федерација на Австралија.
Подоцна во 2010 беше избрана да го претставува НЈВ Метрополитан тимот под 15 години , а во 2011 и во 2012 беше член на тимот на Нов Јужен Велс под 16 години.
Во 2013 година Сара беше одбрана во НЈВ Метрополитан тимот за играчи под 18 години и настапи на Австралискиот шампионат за играчи под 18 години, кој се одржа во Бризбен во април оваа година.
Овој шампионат беше пресуден за Сара, која со својата беспрекорна игра го долови вниманието на селекторот на Австралиската репрезентација под 17 години Крис Лукас, кој веднаш ја покани во кампот на Австралискиот јуниорски тим под 17 години, каде Сара заслужено го избори своето место во австралискиот тим под 17 години да ја застапува Австралија на шампионатот на Океанија во квалификациите за настап на светското првенство во 2014 година во Словачка.
Сара е воедно и амбасадор на Македонците во Австралија и на Македонија, таа со својата игра успеа да навлезе во топ листата на елитните младински спортисти на Австралија а убедени сме дека и понатаму ќе не прави горди со своите спортски достигнувања.
(Шило)
13 Oct 2024