Младите фудбалери на Слога не знаат за пораз

Ви го претставуваме шампионскиот тим на Лајло Јунајтед Слога, јуниорите под 16 години оваа натпреварувачка сезона во лигата 16 А север не знаат за пораз.

Од одиграните 14 натпревари имаат реализирано 13 победи и само еден нерешен резултат. Слога во иднина сигурно ќе може да се потпира на овие млади и надежни фудбалери кои, како што можете да видите од текстот под сликата, се претежно со македонско потекло. Радува што клубот успеал да собере толку наши деца, и укажува дека следните звучни имиња што ќе се слушаат на стадионите својот почеток го имале во Лајло Јунајтед Слога.

Тренер Блаже Георгиоски(Баче), Филип Божиноски, Антони Кајмакоски, Стефан Марковски, Андреј Георгиоски, Џејмс Драгарски, Александар Петровски, Давид Трајаноски, Џорџ Фоуркалас, Џорџ Тситсвиоус, Даниел Стојанов
Долен ред: Али Џабар, Георги Маркоски, Дејан Србиноски, Александар Дунимаглоски, Илми Азизоски, Бајрам Бајрамоски, Кристиан Ристевски

Останати вести